Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето

Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувствуваат грижа на совест поради калориите што ги внесувате.

najvkusnata-pica-so-testo-od-karfiol-recept-koj-kje-vi-pomogne-vo-slabeenjeto-01.jpg

Постои тесто без брашно кое, верувале или не, е подеднакво вкусно како и стандардното тесто за пица.

За овој рецепт треба само да го замените вообичаеното тесто за пица со тесто направено од карфиол.

Највкусното тесто за пица од карфиол:

Потребни состојки:

За тесто:

  • 1 главица карфиол
  • 2 јајца
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици рендана моцарела
  • Еден прстофат сол, малку бибер
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажица маслиново маслo

За фил:

  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 50g сос од домати
  • 100g кашкавал
  • 200g моцарела
  • 2 домати

Начин на подготовка:

  • Најпрво карфиолот поделете го на помали парчиња и ставете во блендер. Блендирајте додека не добиете ронлива смеса.
  • Потоа ставете го во сад и варете додека не омекне. Кога ќе се олади, завиткајте ја смесата во чиста крпа или газа, а потоа со раце исцедете го вишокот вода.
  • Смесата треба да биде добро исцедена бидејќи така тестото нема да биде лепливо по печењето.
  • Така исцедениот карфиол измешајте го со јајцата, зачините и другите состојки за тестото.
  • Распоредете го добиеното тесто во тава со хартија за печење.
  • Смесата премачкајте ја со маслиново масло и печете 12 до 15 минути на 220°C, односно додека тестото не стане крцкаво.
  • На тестото додајте сос од домати, кашкавал, моцарела, домати и уште малку маслиново масло.
  • Печете додека не се растопи кашкавалот и доматите не омекнат, односно околу 10 минути. 

pica-bez-brasno-05.jpg

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg