Овошен пудинг со киноа по рецепт на Д-р Оз

Д-р Оз секогаш ги има најдобрите рецепти за здраво тело и совршена линија. Затоа, вреди да го испробате овој лесен пудинг со чија помош ќе постигнете фит изглед за претстојната пролет.

ovosen-puding-so-kvinoja-po-recept-na-d-r-oz-01

Рецептот е вкусен, но необичен, па затоа ако го пробате задолжително споделете ги вашите впечатоци.

Потребни остојки:

  • 1 чаша органскa киноа
  • 1/2 чаша сушени цреши
  • 1/2 чаша сушени малини
  • 1/2 чаша незасладен сок од јаболко
  • 2 банани
  • 1 лажичка ренданa кора од портокал
  • 1 лажичка ванила
  • 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Исплакнете ја киноата и ставете ја да врие во вода на ниска температура, 7 минути.

Сувите цреши, малини, и бананите измешајте ги во посебен сад. Додате го сокот од јаболко и почекајте додека течноста се апсорбира, за што се потребни околу  5 - 7 минути.

Во меѓувреме, останатите состојки измешајте ги додека смесата не се изедначи.

Додадете ја киноа во смесата. За крај додадете ја кората од портокал и ванилата. Наросете со цимет.

Оставете го готовиот пудинг околу половина час во ладилник.

Бидејќи е лесен за подготовка и не одзема многу време, може да го конзумирате наутро како појадок или навечер, како здрава вечера.

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg