Пробајте: Солени Рафаело бомбици

Сите го сакаат легендарниот десерт Рафаело заради незаборавното кремасто полнење и крцкавата надворешност, па и солената варијанта ќе биде исто толку пријатно изненадување.

probajte-soleni-rafaelo-bombici-3354.jpg

Погодни се за брзо мезе, додаток на ручекот или како лесна вечера.

Потребни состојки:

  • 4 големи компири
  • 150g шунка
  • 150g мајонез
  • Малку кромид
  • 50g рендан кашкавал
  • 1 лажица павлака
  • Сол, бибер
  • Зачини по желба

Подготовка:

Компирот сварете го, изладете го и излупете. Испасирајте го со миксер или виљушка, па додајте ја ситно сечканата шунка, изренданиот кромид, мајонезот, павлаката и зачините.

Добро измешајте ја смесата и со раце правете бомбици кои ќе ги извалкате во ренданиот кашкавал.

Ако сакате, додајте малку „боја“ со неколку различни зачини.

Солените Рафаело бомбици служете ги оладени.

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Кремасто пилешко „Тоскана“ според италијански рецепт Италијанците го обожаваат пилешкото „Тоскана“ поради богатиот вкус и сосот со ше...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg