Брзо мезе за ненајавени гости: Сос од кашкавал и чипс

Ненадејно ви дојдоа пријатели, немате време да подготвувате вечера, но мора да ставите некакво мезе на масата. Сосот од кашкавал и длабок сад со чипс е вкусно и забавно мезе, а може да го направите во доволна количина.

brzo-meze-za-nenajaveni-gosti-sos-od-kaskaval-i-cips-01

Не ви требаат многу состојки, а ќе го подготвите за десетина минути.

Сосот од сирење ќе ги воодушеви вашите гости. Совршен е како додаток или прелив на чипсот додека гледате филм со пријателите.

Потребни состојки:

  • 500 g гауда кашкавал исечкан на коцки
  • 1 конзерва феферонки
  • ½ шолја млеко
  • 1 лачичка путер
  • 2 лажички ким
  • 2 лажички лук во прав
  • 2 лажички кромид во прав
  • Сол и бибер

Подготовка:

Во едно тенџере ставете го кашкавалот, млекото и путерот. Варете на тивок оган додека не се стопи кашкавалот.

Додајте ги ситно исечканите феферонки, кимот, лукот и кромидот во прав, солта и биберот.

Додајте уште млеко ако сосот е многу густ и послужете го веднаш додека е топол.

Може да го комбинирате со готов чипс или да направите домашно испечен компир и да се препуштите на уживањето.

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg