Посни рецепти за побогата празнична трпеза

Посната трпеза за Бадник честопати се сведува на 3 работи - лепче, риба и грав. За малку да ја збогатите трпезата не мора да јадете мрсно, туку ви требаат вистинските комбинации од посни состојки.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-001.jpg

Овие рецепти ќе ви помогнат да послужите нешто вкусно, а посно годинава и да ги израдувате најблиските:

Италијанска салата со туна

Состојки:

  • Конзерва туна на парчиња
  • 250ml посен мајонез
  • Кесичка сенф
  • 0,5kg компир
  • 100g црни маслинки
  • 50g мелени ореви
  • Сол, бибер, зачини по желба

Подготовка:

Сварете ги компирите во солена вода. Излупете, исечкајте на парчиња и измешајте ги со сите останати состојки. Одвојте ги семките од маслинките и наредете ги како декорација.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-1.jpg

Салата од ротквици

Состојки:

  • 3 врзувалки ротквици
  • 300ml посен мајонез
  • Лажица сусам
  • Малку лук
  • Сол

Подготовка:

Измијте ги ротквиците и со исклучок на неколку, исечкајте ги на мали парчиња. Сусамот благо пропржете го и додајте го во нив. Лукот истолчете го и додајте го. Прелијте со мајонез и посолете по вкус. Декорирајте со преостанатите ротквици, исечени на кругови.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-2.jpg

Солени бомбици од компир

Состојки:

  • 1kg компир
  • 125g маргарин
  • Праз по желба
  • 3 чешниња лук
  • Зачин

Подготовка:

Сварениот компир излупете го и исечкајте го, па ставете го во длабок сад. Додадете го маргаринот и зачинот и матете со миксер. Кога смесата ќе се олади додадете го лукот и со раце со масло правете топчиња. Празот пропржете го и со него прелијте ги топчињата.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-3.jpg

Шампињони со сардина

Состојки:

  • 16 шампињони
  • 2 конзерви сардина
  • Црвена печена пиперка
  • 100g растително сирење
  • Лимон, сол, бибер

Подготовка:

Исчистете ги шампињоните од дршките. Сардините испасирајте ги, па додадете ја пиперката и исечканите дршки од печурките. Измешајте со сок од лимон, мелен бибер и сол. Печете 15 минути, извадете, изрендајте го сирењето, па допечете уште малку.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-4.jpg

Риба во смеса од пиво

Состојки:

  • Мало шише пиво
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 500g филети морска риба
  • Сол и бибер
  • Брашно за валкање
  • Масло за пржење

Подготовка:

Во чинија ставете го пивото, 2-те шолји брашно и прашокот за печиво. Зачинете и посолете. Парчињата риби прво извалкајте ги во брашно, па во смесата од пиво. Оставете ги 10-тина минути пред да ги пржите. Пржењето треба да трае 5 до 7 минути. Послужете со парчиња лимон.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-5.jpg

Посна брза торта од бисквити и шлаг

Состојки:

  • 6 кесички посен шлаг
  • 300g посни бисквити

Подготовка:

Изматете 5 кесички шлаг и додадете ги мелените бисквити. Промешајте и обликувајте ја смесата во тава. Изматете ја преостанатата кесичка шлаг и прелијте врз смесата со бисквити. Декорирајте по желба и оставете да се олади.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-6.jpg

Коцки од костени со рум

Состојки:

  • 1 kg костени
  • 250g маргарин
  • 200g шеќер
  • 2 чашки рум

Подготовка:

Костените сварете ги, излупете ги и испасирајте ги. Шеќерот и маргаринот изматете ги додека не добиете пенеста смеса, па додадете рум. Додадете ги и костените и добро измешајте. Смесата измазнете ја во тава и прелијте со посно чоколадо по желба. Сечете коцки и послужете.

posni-recepti-za-pobogata-praznicna-trpeza-7.jpg

Пробајте и:

Посни салати

Домашни посни колачи

Посни сарми

Колачиња за 250 денари

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg