Мини Павлови тортички со јаготки - слатко уживање на кое нема да одолее никој

Лесната торта која ѝ посветена на руската балерина Ана Павлова овој пат доаѓа во поинаков облик – мини тортички со јагоди како создадени за пролетните денови. Јагодите се во полн ек, ова е нивната сезона, па време е да ги употребите во нешто лесно и вкусно.

Mini-Pavlovi-torticki-01.jpg

Додека Австралија и Нов Зеланд со години биле со препирка кој од нив ја измислил познатата Павлова торта, која согласно легендата го добила името според руската балерина која во 1920 година ги посетила и двете земји, пред нас имаме нов, свеж рецепт, односно варијација на оригиналот.

Потребни состојки:

  • Слатка павлака за готвење - 250 ml
  • 1 лажица ликер од јагоди
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 500 ml млеко
  • 4 жолчки
  • 100 gr шеќер
  • 35 gr густин
  • Свежи јагоди

Mini-Pavlovi-torticki (1).jpg

Начин на подготовка:

1. Павлаката за готвење заедно со половина од шеќерот, половина од ванилата и ликерот од јагоди изматете ги додека не добиете густ крем. На хартија за печење со помош на лажица, оформете мали кругови од кремот кои малку ќе ги втиснете на дното (но без претерување). Ставете ги во фрижидерот да се ладат.

2. Во млекото додадете го преостанатиот ванилин шеќер и ставете го да се вари. Кога млекото ќе почне да врие тргнете го од огнот. Во меѓувреме изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер, додадете го густинот и добро измешајте. Во оваа смеса додадете малку од топлото млеко и добро измешајте додека сè не се соедини и не останат никакви грутки.

3. Добро измешаната смеса вратете ја во тенџерето во коешто го варевте млекото и мешајте а тивок оган додека не се згусне. Откако ќе се направи жолтиот крем префрлете го во сад и почекајте добро да се олади.

4. Во корпичките од шлаг кои ги направивте претходно со лажица наполнете крем. Украсете со половинки јагоди и вашите мини Павлови тортички се спремни за јадење.

Mini-Pavlovi-torticki (2).jpg

Mini-Pavlovi-torticki (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан -...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg