Што ми е најтажно кај луѓето што мислат дека знаат сè? Што никогаш нема ниту да научат!

shto-mi-e-najtazhno-kaj-lugjeto-shto-mislat-deka-se-znaat-shto-nikogash-nema-nitu-da-nauchat-01.jpg

Тие се полни со себе, со грам „школо“ мислат светот го освоиле.

Не учат од луѓето околу нив, не учат од искуствата, не слушаат што имаат другите да кажат.

Во заблуда се дека сè знаат.

Пристапуваат саркастично и потценувачки.

И најтажното од сè е што никогаш нема да научат.

Не знаат да препознаат во кој или што се крие лекцијата.

Стигнале до одредена граница и мислат тоа е тоа, забораваат дека само небото е граници.

И секој ден е нова лекција.

Секое искуство е нова лекција.

Секој човек е нова лекција...

Со его кое се мери во тони.

Со нос во облаци.

Со став дека знаат сè.

Ниту да се преиспитаат, ниту да се среќни кога некој на нешто им посочува и за нивно добро им кажува.

Не знаат да прифатат критика.

Се лутат.

Сами себе си го спречуваат растот.

Мислат дека се безгрешни.

Не грабаат за повеќе.

Се плашат од конкуренција.

Место да сакаат да учат од подобрите од нив.

Тие се заплашени од нив и ги бојкотираат.

Зошто?

Јас сакам да учам од поискусните, попаметните, повештите, посмелите, покреативните, подобрите.

И во ред е да постојат такви околу мене, само во круг на такви ќе можам да растам.

Никогаш не одам по линија на помал отпор, ниту сакам да се сокријам во толпата, да останам невидлива, да поминам полесно.

Таквите кои тоа го посакуваат и од конкуренција се плашат? Не растат!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg