10 нови, неверојатни факти за пенисот

Сигурно до сега мислите дека знаете сè за машкиот полов орган и неговото функционирање, без оглед на тоа дали сте жена или маж.

10-novi-neverojatni-fakti-za-penisot-01.jpg

Но, нема да верувате дека постојат уште најмалку стотина непознати факти. Ова се само дел од најинтересните:

1. Постои риба која има пенис на глава

Органот во облик на пенис се наоѓа на брадата кај рибите Phallostethus cuulong, вид кој е лоциран во Виетнам. За целата работа да биде уште поинтересна, женките имаат генитален отвор на грлото.

2. Најголемиот пенис во светот го има Џон Фалкон

Овој сосема обичен човек има пенис долг цели 35 сантиметри. До сега одбил многу понуди за снимање порно филмови, со надеж дека ќе има успешна актерска кариера.

3. Не постои доволно голем презерватив за сините китови

Со пенис кој во просек е долг 2 ½ метри, овој кит има најголем полов орган помеѓу сите живи суштества.

4. Никој не сака да биде коњоштип

Овој мал инсект немал среќа во животот. Поточно, просечната должина на пенисот кај коњоштипите изнесува само 5 милиметри.

5. За време на мисионерската поза, пенисот има облик на бумеранг

Ова го откриле научниците кои ги снимале паровите под магнетна резонанса. Притоа, дошле до сознание дека целиот пенис се изобличува, сè до внатрешниот корен.

10-novi-neverojatni-fakti-za-penisot-02.jpg

6. Некои пениси имаат повеќе глави

На пример, голем дел од опосумите имаат пенис со 2 глави. Ежовите и бодликавите животни од Австралија имаат дури 4 глави, колку и да звучи чудно.

7. Многу од пенисите се бодликави

Не верувате? Во семејството на мачки, пенисите имаат шилци кои ја гребат вагината на женките и така ја стимулираат овулацијата.

8. Пенисот се намалува ако не се употребува

Без честите ерекции ткивото на пенисот може да ја изгуби еластичноста и да се намали за 1-2 сантиметри.

9. Најстарите фосили од пенис се стари 425 милиони години

Научниците во 2003 година открија фосили од морски животни со пенис. Нивното име во превод значело „супер пливачи со голем пенис.“

10. Изгледот не е пресуден за големината

Едноставно, не можете да пресудите кој пенис колкав е со само еден поглед. Најчесто, помалите пениси многу повеќе се зголемуваат во ерекција, за разлика од големите.

Знаете уште некој неверојатен факт за „машката гордост“?

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg