Ниту лекови, ниту вежбање или пак смеа – кој е најефикасниот лек за ослободување од стресот?

Над 3.000 испитаници кои учествувале во истражувањето потврдиле дека кога се наоѓаат во најтешките ситуации и животни раздобја, не им помогнале ниту лековите, ниту пак смеата или физичкиот тренинг, туку…

Koj-e-najefikasniot-lek-za-osloboduvanje-od-stresot-01.jpg

… ПЛАЧЕЊЕТО.

Тајната на животот без тензични главоболки или „нервозно колено“ кое постојано го тресете? Наместо советите во кои ви велат да се насмеете дури и кога ви е најтешко или да ја испиете третата шолја кафе, еден јапонски научник тврди дека најдобриот лек е само добро да се исплачете.

„Чинот на плачење е многу поефикасен за ослободувањето од стресот, отколку смеењето или спиењето‘, тврди Хидефуми Јошида.

Слушањето на тажна музика, гледањето на такви филмови или книги со слична содржина ќе ви донесат значително подобрување на менталното здравје, стимулирајќи ја парасимпатичката нервна активност која го успорува пулсот и има смирувачки ефект врз нашиот ум.

„Доколку се исплачете добро барем еднаш неделно, може да живеете без стрес“, тврди Јошида.

Плачењето навистина има многу предности. При проучувањето на структурата на солзите, откриено е дека емоционалните солзи имаат моќ да ги „излеат“ хормоните и другите токсини кои се акумулирале во нашето тело за време на стресните ситуации.

Додека плачеме нашето тело го стимулира создавањето и ослободувањето на ендорфини, природниот „лек“ против болката во облик на „среќни хормони“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Иронијата во нашето секојдневие, низ илустрации што ќе ве натераат да размислувате Даваме пари за креветче за мачка, за на крај таа да си легне на сосема друго мес...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец Мишел Еското ја убил сопругата на медениот месец само за да ги земе парите од не...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg