Витамини: Каде ги има и кој за што служи?

Витамините се одличен начин да си го подобрите здравјето, но неопходно е да знаете кој каде се наоѓа и точно за што служи. Кој е за здрава кожа, а кој за добра концентрација?

vitamini-kade-gi-ima-i-koj-za-sto-sluzi-01.jpg

Витамин А

Одговорен е за здрава кожа, важен е за правилен раст и помага за подобар вид. Го подобрува имунитетот и го зајакнува срцето.

Се наоѓа во морковите, зелениот и темно зелен зеленчук, портокалот, жолтото овошје и зеленчук, јајцата, млекото,павлаката, сирењето и останатите млечни производи.


Витамин Б1

Витамин за нерви! Овозможува добра концентрација и ментална снаодливост.

Најмногу го има во квасецот, интегралните житарки и леб, компирот, млекото и немасното свинско месо.


Витамин Б2

Учествува во размената на јаглехидрати и протеини, а покрај тоа го поддржува дејството на витаминот А.

Овој витамин најмногу го има во свинските џигери, пивскиот квасец, кељот, спанаќот, млекото и млечните производи.


Витамин Б6

Витаминот кој е неопходен за правилна изградба на мускулните масти, а покрај тоа ја поттикнува размената на протеини и аминокиселини. Кај многу жени ги ублажува болките во ПМС фазата и ја смирува депресијата. Важен е и за правилно работење на нервниот систем.

Најмногу го има во интегралниот леб, телешкиот џигер, соја никулците, скушата, мешунките и пиперките.


Витамин Б7

Неопходен е за добра и здрава коса, нокти и кожа.

Најмногу го има во квасецот, интегралниот леб, јајцата, млекото и млечните производи.


Витамин Б12

Витаминот кој обезбедува обновување на крвта. Влијае позитивно на кожата, косата и ноктите.

Го има во свинскиот џигер, телешките бубрези, скушата и морскиот лосос.


Витамин Б3 (ниацин)

Го прави организмот свеж и витален, а помага и во беспрекорната работа на нервниот систем и мозокот.

Го има во пивскиот квасец, кикириките и рибата.

vitamini-kade-gi-ima-i-koj-za-sto-sluzi-02.jpg

Витамин Б5 (протеинска киселина)

Овој витамин го забрзува растот на косата и влијае на подвижноста на телото. Позитивно влијае на расположението затоа што го контролира адреналинот во организмот.

Најмногу го има во сушеното овошје како кајсии и смокви, свежиот зеленчук, но и во сусамот, оревите, сојата и јајцата.


Фолна киселина

Ја регулира крвната слика и влијае на создавање кови клетки. Важна е и за правилното варење и нервниот систем.

Фолната киселина на има во спанаќот, брокулата, карфиолот, но и во телешкото и јагнешкото месо.


Витамин Ц

Заштитен витамин кој ја одржува кожата здрава, исто како и забите и коските. Го подобрува имунитетот, го чисти организмот и помага при апсорбирање на железо. Влијае и на правилното зараснување на раните.

Најмногу го има во свежото овошје и зеленчук - портокали, црна рибизла, брокули, пиперка, киви, кељ, јагоди шипка, ротквици, компир...


Витамин Д

Влијае на правилен развој на коските и нивно зајакнување, како и за здрави заби.

Витаминот Д го има во рибиното масло и месо, но и во јајцата, млекото, млечните производи и путер.


Витамин Е

Заслужен е за виталноста на убавата кожа. Учествува во регенерирање на клетките, а исто така и во правилното созревање на сперматозоидите.

Витаминот Е најмногу се наоѓа во авокадото, пиперката, јајцата, путерот, билните масла, оревите, морските плодови и темно зелениот зеленчук.


Витамин К

Помага во правилното зараснување на раните и повредите, затоа што позитивно влијае на згрутчувањето на крвта.

Витаминот К се наоѓа во прокељот, спанаќот, зелката, шампињоните, зелениот чај, пилешкото месо и сирењето.


Витамин Ф

Неопходен е за правилно растење на косата и здравата кожа.

Го има во билните масла, ленените семки, сончогледот, сојата, кикириките, оревите и бадемите.

vitamini-kade-gi-ima-i-koj-za-sto-sluzi-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg