Дневна рутина за среќно тело

dnevna-rutina-za-sovrseno-telo-povekjeПравилата кои мора да ги почитувате се многу едноставни – умереност во јадењето, редовни оброци, разновидна исхрана, доволно внесување на...


...течности, квалитетен сон, телесна активност која ви одговара и широка насмевка.

1. Не прегладнувајте. Во текот на денот распоредете 5-7 мали, но нутритивно вредни оброци. Гладот ја активира нервозата, а нервозата ги активира хормоните на стресот. Стресот, дури и микро – стресот, е непријател на витото и здраво тело.

dnevna-rutina-za-sovrseno-telo

2. Бидете умерени. Дури и кога сте во можност многу и вкусно да јадете, на венчавки, свечени вечери, дружење со пријателите..., воздржете се и јадете малку. Доволно за да уживате. Ќе се чувствувате полесно и нема да го оптоварите организмот.

3. Во кревет не одете гладни, може да имате несоница. Немојте ниту да се прејадувате затоа што ќе го активирате метаболизмот и повторно може да имате несоница. Изедете лесен оброк и уживајте во него – овошјето е идеален избор.

4. Денот започнете го со обилен, балансиран оброк.

5. Немојте да се оптоварувате со храната, не размислувајте за неа и немојте постојано д аги броите калориите. Слушајте го својот организам и научете да го разликувате вистинскиот сигнал за глад од сигналот „глад од досада“ или „нервоза“.

6. Одберете физичка активност која ви се допаѓа и во која вистински уживате. Исто така, одберете ја онаа која можете лесно, повторно без стрес, да ја вклопите во својата дневна рутина. Ако е тоа само прошетка, нека биде прошетка. Уживајте во неа.

7. Јадете пополека. Знаеме дека по некогаш сте во гужва, брзате на работа или состанок, но во секој момент кога имате време уживајте во храната. Ќе се чувствувате подобро и позадоволно.

8. Смејте се многу и бидете позитивни! Колку повеќе имате самодоверба и верба во себе, толку повеќе калории ќе изгубите.

9. Сакајте го своето тело со неговите мани и предности. Тоа е вашата единствена вистинска „куќа“.

10. Дружете се со луѓето кои не ве оптоваруваат, играјте многу и уживајте во слободните моменти.

Би можело да ве интересира:

„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
8 причини зошто не треба да спиете премалку или премногу Знаевте ли дека темите подочници не настануваат само кога не спиеме доволно, тук...
Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg