Хит рецепт на ТикТок: Компири кои се прават 15 часа - Дали чекањето вреди?

Иако може да изгледа комплицирано, најтешкиот дел од рецептот е да се чека 12 часа кога компирите стојат во фрижидер… Дали би го пробале хит рецептот за крцкави компири?

nov-trend-na-tiktok-kompiri-koi-se-podgotvuvaat-15-chasa-no-korisnicite-velat-deka-chekanjeto-vredi-01.jpg

Дали имате 15 слободни часa? Затоа што толку време е потребно за да се добијат овие вкусни крцкави компири.

Точно, нема да правите ништо во поголемиот дел од времето, но ако се надевате на брзо задоволство, овој рецепт веројатно не е за вас.

Готвачката Попи О'Тул ја сподели тајната за најкрцкавиот компир кој се подготвува со сечење, маринирање, печење, а потоа пржење до совршенство.

Во последните неколку месеци на ТикТок кружат видеа од овој рецепт - погледнете како можете да го подготвите и вие:

Потребни состојки:

  • 240ml говедска маст
  • 1 лажица морска сол
  • 1kg компири
  • растително масло
  • лук, рендан морков или зачини по избор и вкус

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 130°C.
  • Излупете, измијте, па исечете ги компирите на тенки парчиња. Додајте ги исечените компири во длабок сад со говедска маст и сол, а потоа добро измешајте.
  • Обложете ја тавата со хартија за печење и наредете ги компирите рамномерно. Покријте ги со хартија за печење и ставете ги во рерна 3 часа или додека не омекнат.
  • По 3 часа, извадете ги компирите од рерната и компресирајте ги со хартија или друга тава за да се залепат еден со друг.
  • Потоа, компирот се става во фрижидер и се лади 12 часа.
  • По 12 часа, извадете ги компирите од тавата и исечете ги на правоаголни парчиња.
  • Загрејте голема количина растително масло на силен оган и ставете ги компирите да се пржат 3-5 минути додека не поруменат.

Видео постапка:

@poppycooks

Reply to @lfor05 The new and improved 15 HOUR POTATO recipe… ENJOY! 🤤🤤 #potatotiktok #heaven #potato #15hourpotato

♬ THE NEW 15 HOUR POTATO - Poppy O’Toole

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg