Сочно пилешко полнето со печурки, црвени пиперки и бешамел сос

Ако барате нова идеја за ручек со пилешко, пробајте го овој вкусен рецепт за пилешко со бешамел, полнето со печурки, црвена и зелена пиперка.  

пилеско.jpg

Наместо со кашкавал и сланина, наполнете го пилешкото со зеленчук, додајте бешамел сос и кашкавал и ќе имате сочен ручек, прсти да излижете...

Потребни состојки:

  • 3 парчиња пилешко филе
  • 300g свежи печурки
  • 1 мал кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 зелени пиперки
  • 2 чешниња лук
  • Сол, бибер, чили и кари по вкус
  • Малку маслиново масло
  • 150g кашкавал

За бешамелот:

  • 1 лажица путер
  • 1,5 лажици брашно
  • 1,5 шолја млеко
  • Сол, бибер, рендано морско оревче (по вкус)

Начин на подготовка:

  • Парчињата пилешко филе исечете ги од едната страна, отворете ги и истенчете ги со толчник. Во тава ставете маслиново масло, па додајте ги печурките, кромидот и лукот, кои сте ги исекле на тенки резанки и пропржете ги.
  • Откако ќе испари водата, додадете ги црвените и зелените пиперки, исечкани на ленти, и пржете додека да омекнат. На крај додадете ги и зачините, па промешајте за да се спојат.
  • Секое парче пилешко филе наполнете го со 1/3 од смесата, затворете го и премачкајте го со малку масло, сол и бибер.
  • Печете во загреана рерна на 200° околу 30-35 минути.
  • Во меѓувреме подгответе го бешамелот – стопете го путерот, додајте го брашното и штом почне да се згуснува, сипете го млекото. Мешајте без престан додека да се згусне. Ако ви се направат грутчиња, разбијте ги со електрична маталка.
  • Извадете го пилешкото од рерната и врз секое парче ставете 2-3 лажици бешамел. Наросете со рендан кашкавал и вратете го во рерната да се пече додека да зарумени.
  • Послужете го со ориз и пире од компири.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен ручек по рецептот на нашите баби: Похувани пиперки со растопено сирење Наместо да ги пржите, овие пиперки се подготвуваат во рерна, а ќе ви се допаднат...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg