Потпечени сочни макарони со праз и пилешко

Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тестенини со праз и пилешко...

potpecheni-sochni-makaroni-so-praz-i-pileshko-01.jpg

Не знаете што следно да зготвите за ручек? Можеби овој рецепт ќе ве инспирира, особено ако сте од оние луѓе што го сакаат вкусот на праз.

Потребни состојки:

  • 2 пилешки гради без коски
  • сол и бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 пакување макарони
  • 4 лажици путер
  • 1 среден страк праз, исечкан ситно
  • 2 чешниња лук
  • 1 средна брокула, ситно исечкана 
  • ¼ шолја брашно
  • 4 шолји млеко
  • сол и бибер по вкус
  • ¼ лажичка мелено морско оревче
  • ½ шолја рендан пармезан
  • 1 ½ шолја рендана моцарела
  • ¼ шолја рендан пармезан

Начин на подготовка:

  • Сварете ги макароните, но тргнете ги од шпоретот 1-2 минути порано отколку што пишува на кесичката, за да не се преварени.
  • Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер. Во тавче ставете 1 лажица маслиново масло и 1 лажица путер, па кога ќе се загреат, испржете го пилешкото месо (да биде зацрвенето од двете страни, но сепак меко внатре).
  • Празот исечкајте го ситно, па пржете го на 4 лажици путер. Кога малку ќе се стопи, додадете го лукот (ситно исечкан), а потоа и брокулата, која исто така сте ја исечкале на мали парчиња.
  • Пржете уште 2-3 минути додека зеленчукот не омекне.
  • Во оваа смеса ставете го брашното, а потоа додадете го и млекото. Мешајте за да се спојат сите состојки убаво. Доколку ви е густо, додајте уште малку млеко.
  • Кога ќе биде готова смесата, додадете ½ шолја рендан пармезан, сол, бибер и морско оревче.
  • Тргнете го тенџерето на страна, па додадете ги тестенините и пилешкото месо, кое сте го исечкале на коцкички.
  • Префрлете ги тестенините во тава за печење (или во мали огноотпорни чинии) и наросете одозгора со изренданата моцарела и ¼ шолја пармезан.
  • Печете во загреана рерна околу 20-25 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg