Готов за 5 минути: Чоколаден колач без печење

Ако ви се смачи од печењето и експериментирањето во кујна, а ви се јаде нешто слатко и чоколадно, ви предлагаме да го пробате ова 5-минутно задоволство.

gotov-za-5-minuti-cokoladen-kolac-bez-pecenje-01.jpg

Потребни состојки:

  • Путер за подмачкување
  • 230g темно чоколадо
  • 230g слатка павлака
  • ¼ лажичка сол
  • Какао

Подготовка:

Земете тесен калап за печење ролати, премачкајте го со путер, па покријте го со хартија за печење.

Растопете го чоколадото на тивок оган.

Во друг сад загрејте ја павлаката, но не смее да зоврие. Тргнете ја и додајте малку сол.

Промешајте ги двете смеси додека не добиете соединета смеса.

Густата смеса ставете ја во премачканиот калап, покријте со пластична фолија и добро оладете го колачот. Најдобро е да го оставите да отстои неколку часа во замрзнувач.

Извадете го неколку минути пред послужување, превртете го и посипете го со какао.

gotov-za-5-minuti-cokoladen-kolac-bez-pecenje-02.jpg

Изненадете ги најблиските и уживајте заедно!

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg