Колач за 15 минути: Чоколадна бомба

Подгответе се за дупла доза чоколадо. Предноста на овој колач е што делува сочно и вкусно, а можат да го направат и почетници во кујната.

kolac-za-15-minuti-cokoladna-bomba-01.jpg

Може да го послужите додека е уште топол или добро оладен, изборот е ваш. Во секој случај, почоколадно нешто не сте пробале.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 125g путер
  • 130g шеќер
  • 80ml слатка павлака
  • 180ml млеко
  • 30g какао во прав
  • 260g брашно
  • 180g чоколадо за готвење

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за печиво во голем стаклен сад, а потоа додадете го шеќерот. Додадете го и какаото и растопениот путер во смесата.

Искршете ги двете јајца, ставете го млекото и мешајте додека не добиете густа смеса како за мафини.

Смесата претурете ја во огноотпорен сад премачкан со масло или путер. Печете 7-8 минути на средна температура.

Колачот проверете го со чепкалка. Ако тестото уште се лепи, вратете го и допечете уште 5-7 минути.

Оладениот колач превртете го на плитка чинија целосен, како што е.

Чоколадото истопете го заедно со хоплата додека не добиете еднолична смеса.

Прелијте го колачот со чоколадната глазура и декорирајте по желба.

Сечете поголеми парчиња и уживајте во чоколадната бомба.

kolac-za-15-minuti-cokoladna-bomba-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Хит рецепт на ТикТок: Компири кои се прават 15 часа - Дали чекањето вреди? Иако може да изгледа комплицирано, најтешкиот дел од рецептот е да се чека 12 ча...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Предлози за оброци без месо за цела недела - здрави се и брзо се прават Ви претставуваме рецепти за вкусни и хранливи оброци без месо, за седум дена од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg