Брзи рецепти за кои ви се потребни само компири

Кога станува збор за изборот на производ и храна за консумирање, нема поразновиден и подостапен производ од компирот.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-01.jpg

Меѓу другото, тој е и здрав, па не е ни чудно што претставува главен дел од оброците ширум светот.

Но, понекогаш поради истиот начин на подготовка може да ви стане малку досаден.

Затоа, можете да се послужите со 5 нови идеи за подготовка предложени од Youtube каналот Brothers Green Eats.

1. Полнети компири

Сварете компири по желба и пресечете ги на половина. Извадете го внатрешниот дел од компирите и ставете го во сад. Во тава ставете алуминиум и на неа наредете ги компирите. Премачкајте ги со малку масло и ставете ги да се печат за да бидат крцкави.

На делот кој ќе го извадите, додадете малку масло, сол и бибер и направете пире. Потоа, откако ќе забележите дека компирите имаат златножолта боја, извадете ги од рерната и на нив ставете го пирето.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-1.jpg


2. Печени компири

Она што најчесто го правите е ги ставате компирите во рерна да се печат. Но, рецептот можете малку да го надополните. Секој компир засебно завиткајте го во алуминиумска фолија.

Потоа, извадете ги, пресечете ги на половина и во средината со вилушка смачкајте дел од внатрешноста. Додадете малку масло, сол и бибер, а потоа компирот уште малку вратете го да се допече.  

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-2.jpg

На крајот, компирот можете да го наполните со кисела павлака, сечкана сланина, магдонос... Сè по желба.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-3.jpg


3. Крокети

Изрендајте компири по желба. Додадете сол и процедете го компирот од вода. Со алуминиумска фолија направете овален калап.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-4.jpg

Калапот ставете го во тавче со малку маслиново масло и во него ставете го ренданиот компир да се пржи.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-5.jpg

Откако ќе се испржи долниот дел, извадете ја фолијата и свртете го крокетот на другата страна да се допржи.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-6.jpg


4. Помфрит

Наместо да ги пржите на традиционалниот начин, исечкајте ги компирите за помфрит и ставете ги во ладно масло, па така ставете ги да се пржат. Ќе добиете убаво крцкав помфрит, а потоа додадете малку пармезан.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-7.jpg


5. Ирски компири

Сварете млади компири и потоа малку смачкајте ги.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-8.jpg

Така, ставете ги во тавче да се испржат и да станат екстра крцкави.

На крајот додадете малку мед и сенф од страна како додаток на компирите.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве ос...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен д...
Предлог за викенд ручек: Вкусни вегетаријански лазањи со два вида сос Денес ви прикажуваме еден рецепт за лазањи со два вида сос кои, ако ги приг...
Како од кујната на баба: Рецепт за сарма Нова година не може да помине без сарма на трпезата. Сигурно имате рецепт по кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg