Солзи и тон љубов - Тамара Тодевска ја изведе „Proud“ за девојка со Даунов синдром
Тамара Тодевска ѝ приреди на Нина Костовска незаборавно изненадување со песната Proud. Таа се појави во нејзиниот дом и предизвика бура од емоции кај оваа прекрасна девојка.
Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост.
Нина, се гордееме со тебе!