Вирален хит - Полицаец ја сопира ќеркичката за „возење во спротивна насока“



„Возачка дозвола и сообраќајна ќе ве замолам“ - вака се пошегува татко-полицаец со неговата ќеркичка која „го вози“ детското автомобилче на погрешна страна од улицата.

Алекс Кип е полицаец од Орландо кој ја забележал неговата 10-месечна ќеркичка Талин како го вози нејзиниот мини автомобил заедно со нејзината мајка, па решил да застане и да се пошегува со неа. Тој ја сопрел и ѝ побарал документи, а слаткото бебе му се смее на таткото, кој набрзо ја „пушта“, додека мајката го снима овој момент. 

The HWD Facebook commenting plugin is not published