Урнебесна снимка од Тејлор Свифт после ласерска операција



Неодамна, Тејлор Свифт беше гостин во шоуто на Џими Фелон. Во еден момент, водителот на шега ја праша дали можела да го види, поради нејзината ласерска операција. Тејлор изненадено го праша од каде знаел за операцијата, а Џими изјави дека нејзината мајка му испратила видео од неа, после операцијата. На видеото се гледа Тејлор, која сè уште е под дејство на анестезија, како се обидува да јаде банана. Истовремено, таа кажува и по некоја глупост, што ја прави целата ситуација уште посмешна. Па, погледнете ја Тејлор Свифт во досега невидено издание.

The HWD Facebook commenting plugin is not published