Познати детали за четвртата сезона од Stranger Things



Доколку со нетрпение ја очекувате четвртата сезона од Stranger Things, сигурно сакате да знаете што би можеле да очекувате. Најавата за четвртата сезона беше кратко видео, кое ни кажува дека следната сезона нема да се одвива во гратчето Хокинс. Засега е непознато дали ова значи дека дејството ќе се одвива во мрачната димензија, или пак во некој друг град. Третата сезона нѐ остави со многу прашања - дали Хопер е жив, кои се плановите на Русите, дали Били е жив и дали можеби можеме да го очекуваме и крајот на серијата. Ако сакате да добиете барем некој одговор, погледнете го видеото со сите детали што ни се познати досега.

The HWD Facebook commenting plugin is not published