Миа Костова во главна улога во новиот спот на ДНК - „Ние“



ДНК го објавија спотот за нивниот нов сингл со наслов „Ние“. Песната е дело на Лазар Цветковски и Панчо. Текстот е напишан од Панчо, а за аранжманот е одговорен Лазар. Спотот е снимен во соработка со режисерот Даниел Јовески, а во главните улоги ги гледаме водителката Миа Костова, која прв пат се појавува во музички спот, и Хаки Алан. Снимањето на спотот се одвивало во Турција - во Анталија и во амфитеатарот во Сиде.

The HWD Facebook commenting plugin is not published