Колку богат бил Пабло Ескобар и каде ги криел неговите пари?



Еден од најбогатите мажи во светот нема да го најдете на ниту една официјална листа за најбогатите луѓе на планетата. Причината е што тој беше можеби најголемиот нарко-дилер во светот. Не постои личност која не слушнала за Пабло Ескобар, кој често е нарекуван и „Кралот на кокаинот“. Овој наркобос е одговорен за дел од најпрвите шверцерски рути за кокаин од Колумбија до САД, а ова му помогна да се збогати за многу кратко време. Богатството на Пабло се проценува на околу 30 милијарди долари, а во еден момент бил и најбогатиот човек на Земјата. Но, бидејќи сите пари ги спечалил на нелегален начин, Пабло не можел да ги чува во банка, па морал да најде начин да ги скрие...