Нов спот на Кирил Џајковски за „Врба“, филмот наскоро си оди од киносалите во Македонија



Промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“, која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги руши рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. А, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Врба имаше светска премиера на 19 октомври на фестивалот во Рим, минатиот месец играше и на фестивалите во Тајпеј, Тајван и Талин, Естонија. Секаде доби извонредни критики и одгласи кај публиката, а медиумите во Талин го препорачаа меѓу топ 5 филмови што треба да се гледаат на фестивалот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published