Актери кои отишле предалеку за филмска улога



Некои актери се убедени дека „влегувањето“ во ликот е најдобриот начин да ја усовршат нивната изведба. Поради тоа, голем дел од нив дури и го живеат животот на ликот што го глумат. Веројатно се во право за ова, бидејќи многу актери кои го пробале овој метод си заработиле Оскар за таа улога. Но ова подготвување за улогата не е воопшто лесно. Актерите и актерките се изгладнуваат, целосно го менуваат нивниот физички изглед, па дури и го загрозуваат нивното психичко здравје, само за една совршена изведба. Шарлиз Терон во „Monster“, Ен Хатавеј во „Les Miserables“ и Леонардо ди Каприо во „The Revenant“ се дел од актерите го навистина отишле предалеку за нивните улоги.

The HWD Facebook commenting plugin is not published