Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата нова песна „Señorita“



Пејачот Александар Тарабунов – Тара деновиве го промовираше новиот сингл кој го носи името „Señorita“, за кој сними и видео запис. Музиката е дело на Тара, текстот е на Луна Ристиќ, а аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов. Спотот на песната е снимен на неколку локации низ Скопје, а направен е под режисерската палка на Зоран Стојановски – Зонде. Во видеото се појавува манекенката Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

The HWD Facebook commenting plugin is not published