Депресија, одбивање - Трнливиот пат на Лизо до светска слава



Денес Лизо е музичка суперѕвезда која може да се пофали и со Греми награда. Таа има соработувано со најголемите имиња од музичката индустрија и е вистинска модна икона за „плус-сајз“ жените. Но, патот на Лизо до светската слава не бил воопшто лесен. Познатата пејачка го изгубила татко ѝ пред да успее да се пробие на музичката сцена, а поради неговата смрт страдала од депресија. Еден период Лизо морала да живее и во нејзиниот автомобил, а постојано се чувствувала како да ја игнорираат бидејќи не ги исполнува општествените стандарди за убавина…

The HWD Facebook commenting plugin is not published