Од рокерка до „секс бомба“ - Колку се промени Гвен Стефани низ годините?



Гвен Стефани со децении го привлекува вниманието на јавноста, уште од нејзиното деби со бендот No Doubt. Она што ја прави идол на многумина е тоа што Гвен не следи правила кога станува збор за нејзиниот стил и секогаш е искрена кон себе. А, со толку многу поминати години, нејзиниот стил се промени неколкупати. Гвен ја започна кариерата во 1987-ма, како дел од No Doubt - бендот кој стана еден од најпопуларните во 90-тите. Интересно е што тој период, хит беше „гранџ“ стилот, но Гвен сметала дека е премногу груб за неа. Тогаш таа првпат покажа дека нема да им се покорува на трендовите и почна да го гради својот препознатлив стил…

The HWD Facebook commenting plugin is not published