Славни кои се „изглупираа“ и славни кои се покажаа како херои сред пандемијата



Во овој кризен период, многу познати личности истапија со нивната помош. Но, има многу и кои ги зачудија, па дури и разочараа фановите со нивните изјави и постапки. Кога станува збор за оваа тема, дефинитивно најмногу се зборува за Елен - водителката ја спореди изолацијата во нејзината луксузна вила со затвор, и со тоа привлече многу негативни критики. И Ванеса Хаџенс ги разочара фановите со нејзината изјава за корона вирусот, а истото го направија Гал Гадот и неколкуте ѕвезди кои ја пееја Imagine на нивните Instagram профили. За среќа, некои славни личности решија да не се глупираат онлајн, туку вистински да помогнат со разни донации…

The HWD Facebook commenting plugin is not published