Ранч од 9,5 милиони, вила од 5 милиони - прошетка низ луксузните домови на Двејн Џонсон



Според Forbes, Двејн Џонсон и официјално е најплатениот актер на сите времиња – за еден филм, тој заработува околу 2 милиони долари. Во текот на неговата импресивна кариера тој успеал да заработи речиси 200 милиони долари, а изгледа дека најмногу пари троши на куќи и имоти. Но, Двејн не купува куќи само за да живее во нив, туку и за да ги продава. Познатиот актер има прекрасен ранч од 9 милиони долари, огромна вила во Калифорнија од 5 милиони долари, па дури и имот во Лондон. Наводно, Двејн има потрошено над 100 милиони долари за недвижности, а во ова видео можете да погледнете како изгледаат.

The HWD Facebook commenting plugin is not published