Џорџ Клуни, Кери Фишер - Славни личности кои ја одбија ѕвездата на „Булеварот на славните“



Таканаречениот „Булевар на славните“ во Холивуд постои уште од 1950-тите и е еден од начините да им се покаже почит на луѓето кои имаат голем придонес во забавната индустрија. Ова значи дека штом некој славен ќе добие ѕвезда на булеварот, навистина успеал во неговата кариера. Веројатно претпоставувате дека оваа ѕвезда е сонот на секоја позната личност, но многу од нив ја одбиле оваа почест. Еден од нив е познатиот актер Џорџ Клуни. Кога славните ќе ги добијат вестите дека заслужиле ѕвезда на булеварот, тие треба да закажат датум за церемонијата. Но, Џорџ Клуни цели пет години не закажал датум и понудата „истекла“, а сега ова не му било толку важно.

The HWD Facebook commenting plugin is not published