Часовник од 1 милион, куќа од 29 милиони - Како Мајкл Џордан ги троши неговите милијарди?



Богатството на поранешниот кошаркар се проценува на 2,1 милијарди долари, но знаевте ли дека од кошарката тој заработи помалку од 100 милиони? Она што му помогна да стане милијардер се соработките со брендовите како Nike. Денес Мајкл важи за најбогатиот пензиониран спортист во светот и очигледно знае како да ужива во богатството. Кошаркарот има дом во Чикаго од 29 милиони долари, а си има и своја јахта за која платил 80 милиони. Тој има и цела колекција рачни часовници, од кои најскапиот чини 1,1 милиони долари.

The HWD Facebook commenting plugin is not published