Нефункционално семејство, малтретирање во училиште - тажни детали од животот на Ријана



После нејзиното прво појавување на музичката сцена во 2005-та, целиот свет сведочеше на трансформацијата на Ријана во една од најуспешните жени на планетата. Но, патот до нејзиниот успех бил сè освен лесен. Ријана вели дека додека растела на Барбадос, таа била мало девојче кое возело велосипед и трчало босо. Но, татко ѝ имал проблеми со алкохолизам, па Ријана била сведок на многу непријатни моменти. Татко ѝ неретко ја удирал мајка ѝ, а таа го гледала сето тоа чувствувајќи се беспомошно и исплашено.

The HWD Facebook commenting plugin is not published