Кои се придобивките од вегетаријанскиот начин на исхрана?



Сигурно сте забележале дека вегетаријанството зема сè поголем замав и денес има повеќе вегетаријанци од кога било. Некои се одлучуваат на овој начин на исхрана поради љубовта кон животните, а некои поради здравствените придобивки. Ова видео се фокусира на втората категорија. Важно е да знаете дека постојат неколку видови вегетаријанска исхрана – вегетаријанци кои јадат и риба, вегетаријанци кои јадат јајца, но не млеко, вегетаријанци кои јадат млечни производи, но не и јајца… Ако сте размислувале да направите промена и да го пробате вегетаријанскиот начин на исхрана, тогаш придобивките опфатени во ова видео сигурно ќе ве мотивираат да го направите тоа.