Илон Маск и Бил Гејтс - најголемите конфликти во светот на милијардерите
Кога имате не милиони, туку милијарди во банка, нормално е да стекнете и неколку непријатели. А, само затоа што се богати и успешни, не значи дека и милијардерите не влегуваат во чудни, па дури и смешни конфликти едни со други. Одличен пример за ова е расправата на Доналд Трамп и Мајкл Блумберг. Откако поранешниот градоначалник на Њујорк влезе во овогодишната претседателска трка, Доналд Трамп почна да го исмејува и навредува поради неговата висина. Мајк не премолчи, па и тој почна со навреди како „Трамп мами кога игра голф“ или „Трамп јаде изгорен бифтек“…