„Не сум многу тажен“ - Вил Смит прозборе за неверството на сопругата Џејда



Во јули, во шоуто на Џејда „Red Table Talk“ гостуваше нејзиниот сопругот Вил Смит. Токму во таа епизода, Џејда му соопшти дека во минатото имала афера со другар на нивниот син. Од видеото се гледа дека очите на актерот се насолзени и поцрвенети, па сите претпоставија дека плаче. Но, Вил конечно се огласи, изјавувајќи дека воопшто не плачел на шоуто. Наводно, актерот не бил тажен во врска со целата ситуација, а тврди дека очите му биле поцрвенети од дехидратација.

The HWD Facebook commenting plugin is not published