Од амбициозно девојче, до најмлада добитничка на Emmy - патот до славата на Зендеја



Годинава, актерката Зендеја влезе во историјата како најмладата добитничка на Emmy награда. Благодарение на главната улога во серијата Euphoria, со едвај 24 години, Зендеја не само што беше номинирана, туку и ја освои статуетката на овогодишното доделување. Уште додека била многу мала, Зендеја сакала да глуми и да танцува, па сигурно уште тогаш било јасно дека малото девојче го очекува светска слава. Откако успеа да добие улога во серија на Disney Channel, нејзината кариера тргна во нагорна линија…

The HWD Facebook commenting plugin is not published