„Полудена по тебе“ - Ново музичко дело на Лара Иванова



Младата пејачка Лара Иванова ја објави новата песна, со наслов „Полудена по тебе“. Ова е нејзина трета композиција, по претходната тема „За нас“ со која се претстави на последното издание на „Макфест“ и со која го привлече вниманието на јавноста. „Полудена по тебе“ има и англиска верзија, насловена “Crazy about you”. Како автор на музиката се потпишува продуцентот Иле Спасев, за текстот се погрижи Робин Зимбаков, а видео записот е дело на режисерот Горан Симјаноски. Спотот е снимен во Скопје - околу ГТЦ и во населба Аеродром. Имено, младата пејачка постојано е во студиото на продуцентот Иле Спасев, со кого веќе работат на нова песна која би требало да биде готова до Нова година.

The HWD Facebook commenting plugin is not published