„Тежел“ неверојатни 418 милијарди - кој е најбогатиот човек во историјата на човештвото?



Знаеме дека Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет се најбогатите луѓе на планетава, но веројатно никогаш не сте слушнале за мажот кој се смета за најбогат во историјата на човештвото. Манса Муса живеел пред стотици години и се смета за најбогатиот човек кој некогаш постоел. Тој бил владетел на царството Мали и иако имал среќа да наследи веќе богатo царство, може да се каже дека самиот е одговорен за неговото огромно богатство. Со неговите вештини за трговија и успешните подвизи за проширување на царството, тој успеал да стане богата личност со која не може да се спореди ни Џеф Безос – Манса Муса „тежел“ неверојатни 418 милијарди долари.

The HWD Facebook commenting plugin is not published