Која е највредната и најмоќната валута во светот?



Штом луѓето почнале да живеат во заедници, почнале и да си разменуваат добра. Ако некој одгледувал жито, а друг кокошки, тие правеле трампа, па секој си имал сè што му е потребно. Како што растел бројот на луѓе и се зголемувало населението, почнале да се појавуваат и првите пари. Со нивната појава разменувањето на услуги и добра станувало сè полесно и полесно. Денес сите користиме пари и скоро секоја држава си има своја валута со различна вредност. Интересно е што ова вредност се менува – некогаш се зголемува, но некогаш и опаѓа. Истовремено, почнаа да sе појавуваат и нов вид валути – таканаречените криптовалути, чија вредност исто така се менува. Па тогаш која е најмоќната и највредната валута денес? Во ова видео можете да го дознаете ова, заедно со уште неколку интересни факти за парите.

The HWD Facebook commenting plugin is not published