Слушнете ја неверојатната преработка на „Hallelujah“ од единствениот Андреа Бочели



Неодамна, познатиот оперски пејач Андреа Бочели ја сподели неговата обработка на познатата Hallelujah, а штом ќе ја чуете, ќе ви стане јасно зошто им се допадна на сите. Каверот е дел од неговиот најнов албум, насловен Believe, кој е комбинација од песни што го инспирирале Бочели. За Hallelujah е направен и неверојатен спот, кој е снимен на карпи во Италија. Интересно е што Андреа наизменично ја пее песната и на англиски, и на италијански, со тоа давајќи ѝ посебен шмек. Уживајте!

The HWD Facebook commenting plugin is not published