30 кандидатки за Miss Thailand паднаа во вода откако се сруши мост



Неодамна се одржуваше натпреварот за Miss Thailand во Тајланд, па по тој повод кандидатките застанале на висечки мост и позирале. Но, мостот не можел да ги издржи 30-те девојки – јажињата се скинаа и сите завршија во вода. Три девојки биле повредени, но за среќа не е ништо сериозно. Една од нив имала модринки, а другите мали исекотини. Девојките биле однесени во болница каде што било утврдено дека не им е ништо. Поради целата ситуација, сопственикот на ресторанот каде што се одржувал натпреварот бил многу засрамен, па понудил да им ги плати трошоците за лекар на трите девојки.

The HWD Facebook commenting plugin is not published