Еруптира вулканот Етна во Италија - исфрлал лава во висина од 100 метри



Ноќта помеѓу 13 и 14 декември еруптирал вулканот Етна во Италија и исфрлал лава во висина од 100 метри. Според информациите, чадот се кренал на висина од пет километри, а околните улици биле прекриени со пепел. Претходно бил забележан земјотрес во близина на вулканот, но наводно уште не се знае дали ерупцијата е поврзана со него. Ерупцијата не предизвикала сериозни проблеми и за среќа нема повредени, а во видеото можете да погледнете како изгледал целиот настан.

The HWD Facebook commenting plugin is not published