Како изгледа првиот комерцијален летачки автомобил?



Ако имате возачка дозвола, сигурно барем еднаш сте посакале да се возите во летачки автомобил. До неодамна ова ни се чинеше како направа од некој научно-фантастичен филм, но сега една компанија успеа да направи летачки автомобил со кој можете да летате, но и да го возите како обичен автомобил. Автомобилот има крила за летање кои се собираат, а за да го претворите во машина за летање треба да притиснете само едно копче. Во ова видео можете да дознаете повеќе детали за оваа неверојатна направа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published