Позитива на денот: Панда мечиња се лизгаат на снег



Пред некој ден, чуварите во зоолошката Смитсонијан во Вашингтон ги пречекала преслатка глетка – заврнало многу снег, а две панда мечиња почнале да си играат и да се лизгаат на него. Нормално, тие веднаш го снимиле настанот, а видеото го споделиле на YouTube. Во видеото мечињата легнуваат на грб и се лизгаат на снегот, а чуварите велат дека едното од нив гледа снег првпат во животот. Ако денес ви треба нешто што ќе ви го подобри расположението, тогаш погледнете го ова слатко видео.

The HWD Facebook commenting plugin is not published