Многу неуспеси, речиси ја банкротира Tesla - како Илон Маск успеа да стане еден од најбогатите луѓе?



За помалку од една година, Илон Маск успеа да се искачи од 50-тото, до првото место на листата на Forbes на најбогати луѓе на планетата. Поради овој краток период, многу експерти сметат дека збогатувањето на Маск е можеби најбрзото во модерната историја. Но како милијардерот успеа да го направи тоа? За Илон е познато дека е „воркахолик“ и ова е едно од нештата што најмногу му помогна. Во текот на кариерата, Илон се има соочено со повеќе неуспеси од кого било – во младоста не успеа да се вработи во компанијата од соништата, беше избркан од една од фирмите што ги основа, речиси ја банкротира Tesla… Но, Илон не се откажал ниту еднаш. Погледнете го видеото и дознајте како Илон успеа да стане еден од најбогатите луѓе на планетата.

The HWD Facebook commenting plugin is not published