ВИДЕО: Слушнете ја преработката на Дац и Александар на „Јовано, Јованке“ со бугарскиот квартет Destiny

Слушнете ја преработката на Дац и Александар на „Јовано, Јованке“ со бугарскиот квартет Destiny



Дац и Александар, заедно со бугарскиот квартет Destiny, направија кавер на една од најсаканите македонски песни – „Јовано Јованке“. Квартетот го сочинуваат Гери, Ѕвездалина, Лора и Маја, кои свират на виолина, виола и виолончело. Тие направија и видео запис за нивната верзија на песната, насловен „Jovano, Jovanke (Love without frontiers). Како што кажува насловот, пораката што ја пренесуваат Александар, Дац и девојките од квартетот е – за љубовта не постојат граници.