Надреално синхронизирано танцување на Italia's Got Talent - група девојки добија директен влез во полуфинале



На натпреварот за таленти Italia’s Got Talent, група девојки, познати како Black Widow, го оставија жирито, но и целата публика без зборови. Групата ја сочинуваат 19 девојки, на возраст од 13 до 25 години, а нивнотo надреално синхронизирано танцување им обезбеди директен влез во полуфинале. Како што девојките завршија со настапот, публиката и жирито застанаа на нозе и почнаа да им ракоплескаат. Неколку секунди подоцна, додека еден член од жирито се подготвуваше да ги пофали, друг само го притисна златното копче со што ги испрати девојките директно во полуфинале. А, кога ќе го изгледате нивниот настап, ќе ви стане јасно дека дефинитивно го заслужиле тоа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published