Подобро расположение, поздраво срце - Кои се придобивките од попладневната дремка?



Можеби некои луѓе ја избегнуваат попладневната дремка и сметаат дека е губење време, но од неа има многу придобивки. Во овој случај само важно е да не претерате. Односно, дремката да не трае подолго од 20-тина минути, бидејќи во спротивно ќе се чувствувате сонливо, а навечер ќе ви биде тешко да заспиете. Една од најдобрите придобивки од кратката попладневна дремка е подобрената концентрација. Истовремено, некои истражувања покажале дека дремењето барем двапати неделно го подобрува здравјето на срцето. Погледнете го видеото и дознајте кои се придобивките од попладневната дремка.

The HWD Facebook commenting plugin is not published