ВИДЕО: 12-те најскандалозни модни комбинации на Џеј Ло

12-те најскандалозни модни комбинации на Џеј Ло



Во нејзините 50-ти, Џеј Ло изгледа подобро од кога било и се чини дека како што минува времето, станува сè похрабра при изборот на модни комбинации. Но, пејачката привлекува многу внимание со облеката на важните настани уште од почетокот на кариерата. На доделувањето на MTV Movie Awards во 1998-ма, пејачката се појави со кратка сребрена маичка без градник – нешто што тој период беше незамисливо. Иако Џеј Ло не изгледаше воопшто вулгарно, тогаш медиумите пишуваа дека тоа е една од најконтроверзните комбинации што ја имале видено…